Македонска еспорт асоцијација - МЕСА е организација на ентузијасти со големо искуство во електронските спортови. Основана со мисија за промовирање на електронските спортови во Македонија и унапредување на македонската еспорт заедница преку редовно организирање на настани и турнири.
Македонската еспорт асоцијација е основана за да ги подобри условите во Македонија на електронските спортови, начинот на кој тие се интерпретираат и транспарентно и одговорно да работи во корист на е-спорт заедницата, како и залагање за поддршка на талентираните сегашни и идни играчи.